Чилаверт најавува изненадување на Парагвај против Аргентина

Тоа што Аргентина загуби од Колумбија, аргентинските фудбалери ги направи многу нервозни, па тука е шансата која Парагвај треба да ја искористи, смета некогашниот парагвајски голман Хозе Луис Чилаверт. Аргентина и Парагвај во 2.30 часот по полноќ играат важен меч од второто коло на Копа Америка во Бразил, бидејќи и Парагвајците киксираа на стартот (само 2-2 против Катар).

„Не сме послаби од Аргентинците. Мислам дека Аргентина е многу нервозна, ќе мора да нападне и мојата репрезентација може да го искористи тоа. Треба да бидеме трпеливи и да ја чекаме шансата против нервозниот противник. Засега на Копа Америка не гледам некој тим кој се издвојува со својот квалитет, изедначено е, затоа мислам дека и Парагвај има шанса за титулата. Не гледам ни голман кој блеска. Веќе нема голмани како Икер Касилјас кои може да ти донесат победа“, изјави Чилаверт.

- Оглас -

Најнови вести