Чирлидерка меѓу хулиганите кои добија затворски казни за нападот врз играчите на Спортинг

Судот во Португалија ја одреди казната за хулиганите кои ги нападнаа играчите на Спортинг Лисабон во клупскиот тренинг-центар, инцидент кој се случи на 15 мај 2018 година. Од вкупно 44 обвинети, деветмина добија затворски казни до пет години, а меѓу нив е и поранешна чирлидерка на бразилскиот третолигаш Хувентуд, Леонина Мендеш.

Дури 28 напаѓачи добија затвроска казна од три и пол до четири години и 10 месеци, додека напаѓачот кој му нанесе повреди на Бас Дост на главата е осуден на четири години и 10 месеци затвор, како и 200 часа општествена работа.

Меѓу обвинетите беше и поранешниот претседател на клубот Бруно де Карвалјо, за кого се сомневаше дека го организирал нападот и ги пуштил хулиганите да влезат во тренинг-центарот, меѓутоа тој избегна санкција.

За време на нападот во комплексот се наоѓаше и македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски, но помина без повреди, додека голем дел од фудбалерите по тој инцидент ги раскинаа договорите со клубот, како и тренерот Жорж Жесус.

- Оглас -

Најнови вести