„Чкембари“ им порачаа на Пелистер и КФМ: Спортот е за навивачи (Фото)

Хаосот со навивачите кој го приредија организаторот на завршниот турнир во Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“ и Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) со одлуката да не се дозволи присуство на навивачи на Работнички и МЗТ Скопје Аеродром во првото полуфинале во салата „Боро Чурлески“, „не стивна“ ниту за време на второто полуфинале меѓу Пелистер и Еуро Никел 2005 кое се игра во овие моменти.

Навивачите на Пелистер, популарните „Чкембари“ се солидаризираат со „Фемили“ и „Сити парк бојс“, и на трибините истакнаа транспарент на кој пишуваше „Спортот е за навивачи“. Навивачите кои се присутни во салата „Боро Чурлески“ беа тивки во првата четвртина, а од втората четвртина почнаа да го бодрат својот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести