„Чкембари“ подготвуваат пекол за АЕК – Нема веќе карти во продажба

Еурофарм Пелистер утре од 18:45 часот го пречекува АЕК во рамките на 10-тото коло од Европската ЕХФ-лига.

Битола е подготвена за последната рунда од групната фаза, а информациите кои доаѓаат велат дека салата „Боро Чурлевски“ е целосно распродадена. Се очекувааат околу три илјади љубители на ракометот да му дадат поддршка на својот омилен тим.

Пелистер во моментов е второпласиран во групата Д и има десет бода, два помалку од лидерот Ним, кој е недостижен. Сепак, победата е императив за Битолчани, коишто се „бркани“ од страна на Спортинг и Кадетен Шафхаузен, кои имаат по девет бода.

АЕК е петтопласиран и се надева на сензација против Пелистер и влез во топ 4, со што ќе оди понатаму.

- Оглас -

Најнови вести