Го формираа англискиот шампионат со „Оригиналните 12“, а денеска добија казна од 12 бода

Дерби каунти преживува тешки моменти и денеска е казнет со одземање 12 бода во Чемпионшип лигата, а поради финансиски проблеми, доби и административна управа.

Клубот со 137-годишна традиција е еден од основачите на англискиот фудбалски шампионат во 1888 година, заедно со уште 11 клуба како дел од популарните „Оригинални 12“.

Популарните Овни имаат две шампионски титули во Англија и еден пехар во ФА купот.

Сега има големи маки со финансиската криза и од денеска продолжува со административна управа од три члена и со минус од 12 бодови во продолжението на натпреварите во Чемпионшип лигата, која е втора по ранг во Англија.

Денешната одлука ги урна плановите на менаџерот Вејн Руни за атак на местата што водат во Премиер лигата.

Моментно Дерби има 10 бода по 8 кола, но ќе продолжи од идната рунда со минус два бода на последното место на табелата.

 

- Оглас -

Најнови вести