Чориќ се потроши на Мастерсот во Синсинати, на САД опен беше бледа сенка

За хрватскиот тенисер Борна Чориќ, заврши серијата од седум победи по ред. Победникот на Мастерсот во Синсинати, каде меѓу другите ги надигра Надал и Циципас, на САД опен не ги прикажа истите изданија, и веќе е во аут после второто коло.

Во првото коло Чориќ се мачеше против Куако од Франција, но победи со 3-2 во сетови, а вечерва не освои ниту сет, направи 65 неизнудени грешки, искористи само една од 15-те брејк-шанси, и загуби со 0-3 од Американецот Џенсон Бруксби.

- Оглас -

Најнови вести