Човек пред 21 година се обложил дека Трамп ќе стане светски првак во снукер

Титулата светски првак во снукер на Џад Трамп му донесе парична добивка и на британскиот новинар Нил Морис, кој пред 21 година, кога Трамп имаше само 8 години, уплатил 10 фунти дека еден ден малиот Џад ќе освои светска титула. Коефициентот бил 1.000. Така, Морис вчера заработи 10 илјади фунти.

Трамп со триумф во финалето на СП ја заокружи успешната сезона, во која славеше и на Мастерсот, на светското Гран-при и на Отвореното првенство на Северна Ирска. Иако дојде во добра форма, многумина не веруваа дека може да ја освои титулата. Меѓу тие луѓе не беше Морис, кој две децении чекаше своите вложени 10 фунти да ги претвори во илјада пати поголема добивка.

Идејата да стави пари на Трамп, Морис ја добил во 1998 годин,а кога Џад во еден клуб убедливо го надиграл неговиот син кој тогаш имал 12 години. Новинарот го препозна талентот на Трамп и уплати пари, а не ја загуби надежта ниту во 2011, кога Трамп го загуби финалето на СП.

 

- Оглас -

Најнови вести