Човекот е неуништлив – Ништо не е готово додека не запее Златан

Златан Ибрахимовиќ објави пост на „Инстаграм“ со мистериозна содржина, а навивачите на шведската репрезентација со многу оптимизам очекуваат тој да настапи на Европското првенство.

„Ништо не е готово додека јас не кажам дека е готово“, напиша живата легенда на светскиот фудбал на „Инстаграм“ заедно со видео на кое се гледа дека напорно тренира за камбек на фудбалските терени.

Интересно е дека селекторот на Шведска, Јане Андерсон, веќе објави список со 26-мина фудбалери на кои смета за настапот на ЕП, а на него го нема Ибрахимовиќ.

Сепак, можност за измени има до 1 јуни, кога е крајниот рок за конечните списоци со фудбалери на сите репрезентации што ќе играат на континенталниот шампионат од 11 јуни до 11 јули.

Ибрахимовиќ се повреди на дуелот меѓу Јувентус и Милан игран на 9 мај, а во прашање е коленото. Потоа беше објавено дека ќе го пропушти Европското првенство, но сега има знаци на оптимизам и интересна најава дека не се откажува.

Златан има 39 години, но сè уште игра на врвно ниво и е прв стрелец на Милан во Серија А со 15 голови.

 

 

- Оглас -

Најнови вести