Човекот кој ги предвoдеше Аѕурите до четвртфиналето на ЕП 2016, ја откри „слабата точка“ на Англија

Антонио Конте ја предводеше Италија на последното Европско првенства, но претрпе разочарување по поразот од 6:5 по пенали од Германија во четвртфиналето.

Пет години подоцна, Роберто Манчини закажа дуел против Англија за европскиот пехар, кој ќе се одигра утревечер на „Вембли“.

Конте го советува Манчини како да се спречат Англичаните да го контролираат финалето, откривајќи ја слабата точка на Гордиот Албион.

„Англиските фудбалери ретко ја враќаат топката кон голманот, најчесто се обидуваат да ја пробијат средината со дриблинзи еден на еден. Иако имаат многу квалитетни техничари како на пример Стерлинг, Фоден, Грилиш, сепак имаат слаба точка. Нивната одбрана не знае како да се носи со притисок високо на теренот, на нивната половина. За разлика од Шпанците, тие не ја држат топката толку добро и доколку им се затвори просторот, почесто ќе грешат“, посочи екстренерот на Јувентус, Челзи и Интер.

- Оглас -

Најнови вести