Иван Чупиќ, еден од најдобрите хрватски ракометари на сите времиња, најави дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезонава. Легендарното крило на хрватската репрезентација има 39 години и оди во заслужена ракометна пензија.
Покрај многуте успеси во кариерата, Чупиќ го врзуваат и одлични спомени со најтрофејниот македонски клуб Вардар. Тој беше дел од Црвено-црните во најубавиот период и се радуваше на две европски титули.
Посебно се памети фајнлфорот во 2017 година, кога во финалето против ПСЖ при нерешен резултат 23:23 и само седум секунди до крајот, Вардарци направија перфектна акција, која со гол во последната секунда ја заврши Чупиќ и Вардар се искачи на европскиот трон.
И по повеќе години откако заврши со бајката во Вардар, Чупиќ со задоволство раскажува за деновите поминати во Скопје и за тоа дека во Македонија се чувствувал како да е некој познат фудбалер.