Човекот кој го исфрли Сити од ЛШ излегува од затвор

Лоша вест за сите фудбалски криминални, нечисти менаџери и расипани сопственици на клубови. Руи Пинто, познатиот основач на „Фудбал ликс“, излезе од затвор по една година зад решетки, но ќе биде во куќен притвор.

Пинто се договори со португалските власти и доби слобода, а за возврат со своите податоци ќе треба да помогне во истрага во еден друг предмет. Станува збор за доверливи информации за неконтролиран проток на пари помеѓу Португалија и Ангола, во новоформираниот процес под кодно име „Луанда ликс“.

Неговите адвокати веруваат дека ова е само уште еден чекор кон потполна слобода бидејќи Пинто не сторил ништо лошо. Тој е обвинет за 90 различни хакерски прекршоци, измама и саботажа. Во 2015 година тој од дома успеа да извлече важни податоци за финансиското работење на клубот Манчестер сити и ги проследи до медиумите, кои потоа ја објавија приказната која донесе истрага и жестока казна за клубот, исфрлање од Лигата на шампионите.

Се пишуваше и за матни комбинации на клубови од нашиот регион со познатите менаџери Фали Рамадани и Пини Захави.

- Оглас -

Најнови вести