Човекот кој по 17 години ги врати Кралевите во плејофот е тренер на годината во НБА

Тренерот на Сакраменто кингс, Мајк Браун, е прогласен за тренер за годината во НБА, објави новинарот на ЕСПН, Адријан Војнаровски.

Кралевите регуларниот дел од сезоната го завршија со скор од 48 победи и 34 порази и го освоија третото место во Западната конференција. Во првата рунда од плејофот во кој се враќаат по пауза од 17 години, ќе играат против шампионот Голден Стејт вориорс.

Претходните две години, оваа награда ја освојуваше актуелниот тренер на Феникс санс, Монти Вилијамс.

- Оглас -

Најнови вести