Човекот што правеше чуда со Вардар си замина со моќна порака

Александар Васоски објави дека си заминува од Вардар, клубот со кој правеше чуда од 2018 година, кога беше именуван за тренер на најтрофејниот македонски клуб.

Беше шампион со Вардар во ланската скратена сезона, а и во актуелната полусезона во ПМФЛ одлично го водеше клубот, преполн со фудбалски таленти, но и во голема финансиска криза.

Беспарицата е опасна за Вардар, излезот од кризата не е на повидок, а Васоски при простувањето испрти моќна порака.

„Почитувани спортски пријатели, навивачи на Вардар, почитувана спортска јавност, сакам во името на стручниот штаб да ви се заблагодарам за поддршката што му ја дававте на Вардар во тежок период за клубот. Почитувани вардарови играчи, вашите имиња треба да се запишат со златни букви во клупската историја што не дозволивте клубот да доживее црно сценарио. Што се однесува до мене, јас ветив дека ќе останам до декември, но немам веќе сили да се борам. Затоа од денеска не сум веќе тренер на Вардар. Благодарност до Комитите и сите навивачи на Вардар и мој апел до надлежните да не се дозволи најсветото нешто во македонскиот фудбал да згасне“, напиша Васоски на социјалните мрежи.

Се најавува дека нов ангажман на одличниот млад тренер ќе биде во Академија Пандев, клуб кој исто така игра во Првата македонска лига.

- Оглас -

Најнови вести