Чуден е планот на Тотенхем, сакаат да позајмат топ-голман од Италија

Тотенхем има чуден план за ангажман на одличниот голман на Аталанта, Пјерлуиџи Голини со понуда 26-годишниот чувар на мрежата да дојде во Лондон на двегодишна позајмица.

Голини е еден од најдобрите голмани во Серија А, пет сезони брани одлично за тимот од Бергамо и вредноста му е околу 17 милиони евра. За него сериозно заинтересиран е и шпанскиот првак Атлетико Мадрид, екипа што ќе игра во Лигата на шампионите, но во Тотенхем се надеваат на чудо.

Клубот од Лондон полека бара замена за Уго Лорис, кој има 34 години, па Голини би бил одлична замена за францускиот репрезентативец.

Понудата на Тотенхем е Голини да биде позајмен до 2023 година, со двегодишен договор за позајмица, а потоа да ја платат отштетната клаузула што би ја договориле со Аталанта.

За Голини има огромен интерес и според италијанските медиуми во трка се и Интер, Милан и Евертон, покрај Атлетико Мадрид и Тотенхем.

 

- Оглас -

Најнови вести