Чуден лет на топката на меч од бразилското првенство (Видео)

Атлетико Минеиро завчера со пресврт извојува победа над Шапекоенсе од 2-1, но најголемо внимание по средбата предизвика еден момент за кој нема некое логично објаснување како се случи.

Шапекоенсе изведе корнер, топката леташе нормално и во еден момент подзастана, почна да се спушта, но за чудо, не продолжи да паѓа, туку повторно се издигна и продолжи да лета со поголема брзина. Дали материјалот од кој се направени топките во комбинација со ветер го направија ова, не се знае, но секако е необично што топката имаше чуден лет пред да падне во 16-никот на Атлетико.

https://www.youtube.com/watch?v=KkLURVQH6-A

- Оглас -

Најнови вести