Чудесен пресврт – Давид Бабунски остана во Мезоковешд, потпиша договор до 2025 година

Чудесен пресврт се случи на релација Давид Бабунски и Мезоковешд, па двете страни наместо најавената разделба, ја продолжија соработката до 2025 година.

Бабунски играше во првиот дел од сезоната за унгарскиот прволигаш, па најави дека сигурно си заминува оваа зима, откако доби понуди од Полска и од Италија, од тим што игра во Серија Б, но се случи пресврт.

Македонскиот репрезентативец одлучи дека сепак најдобро му е во Унгарија, во тимот што веќе добро го познава и има 8 настапи, па го продолжи договорот.

- Оглас -

Најнови вести