Чуден случај: шампионите се последни на табелата во швајцарската лига, но живи се во Европа!

Фудбалскиот клуб Цирих има чудна сезона. Тие се актуелен првак на Швајцарија, титулата ја освоија со дури 14 бода повеќе од вториот Базел, но сезонава во суперлигата се убедливо последни, со само 6 бода во 13 кола.

Немаат ниту една победа, туку само шест ремија и седум порази, со гол разлика 8-24, а во купот испаднаа од второлигашот Лозана.

Веројатно една од главните причини за падот е заминувањето на тренерот Андре Брајтенрајтер кој замина во Хофенхајм

Кризата е длабока, но во четвртокот Цирих победи со 2-1 против Бодо Глимт во Лига Европа, и си ги задржа шансите да продолжи во Конференциската лига, бидејќи во нивната група на првите две места се Арсенал и ПСВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести