Чуден совет за Ферстапен: Зарази се веднаш со Коронавирус

Чуден совет да се зарази со Коронавирусот што поскоро доби Макс Ферстапен од советникот на тимот на Ред Бул Рејсинг Хонда, Хелмут Марко.

За австрискиот весник „Кронен цајтунг“ Марко самиот потврди дека тоа е точно и образложи зошто советувал еден од најдобрите пилоти во Ф1 да постапи така.

„Веднаш разговарав ао Макс, вториот ден кога се засили епидемијата со вирусот. Ми рече дека многу се плаши да не се зарази со Коронавирус. Беше многу изненаден кога му советував што поскоро да го стори тоа. Има 22 години, не припаѓа на категоријата ризични според возраста и лесно би го прегрмел вирусот. Потоа ќе има имунитет и ќе може комплетно да ѝ се посвети на новата сезона во битка за титулата“, објасни советникот на Ред Бул.

Холанѓанецот е еден од најперспективните пилоти во Формула 1, има само 22 години и досега победуваше на 8 трки во кариерата. Нема титула, но го сметаат за еден од најсериозните кандидати во блиска иднина да биде и Ф1 шампион.

 

- Оглас -

Најнови вести