Чудесен пресврт на Торонто во дуелот на најтрофејните

Торонто го доби дербито на најтрофејните екипи во НХЛ лигата, со 6-3 го растури тимот на Монтреал канадиенс. Домаќините до посакуваниот триумф стигнаа на чудесен начин, остварија пресврт иако по првиот период беа во негатива од три гола.

Метјуз и Енис во два наврати ги искористија шансите со играч повеќе на мразот, за во решавачката третина да постигнат уште четири неодоворени гола, па така по три последователни порази ја забележаа 37-та овосезонска победа.

Торонто со 78 бода е на четвртото место во Источнатаа конференција, Монреал се седми со 73 бода по 19-от претрпен пораз.

Останати резултати НХЛ:

Бафало сејберс – Вашингтон капитолс 5-2

Њујорк ренџерс – Њу Џерси девилс 5-2

Сент Луис блус – Бостон бруинс 1-1 (2-1 на пенали)

Колумбус блу џекетс – Сан Хозе шаркс 4-0

Далас старс – Каролина хурикејнс 0-3

Флорида пантерс – ЛА кингс 6-1

Нешвил предаторс – Колорадо аваланш 0-5

Филаделфија флаерс – Питсбург пингвинс 4-3 (по продолжение)

Едмонтон ојлерс – Анахејм дакс 2-1

Ванкувер канукс – Њујорк ајлендерс 0-4

- Оглас -

Најнови вести