Чудесниот случај на Дефенди – Не може да се одбрани од корона, во последен миг не му дозволија да брани

Бразилецот Рафаел Дефенди во последен миг вчера, на денот на одигрувањето на мечот меѓу Жил Висенте и Фамаликао беше отстранет од тимот на гостите поради позитивен тест на ковид-19 и не настапи, иако беше најавен во составот.

Голманот на Фамаликао никако не успева да се спаси од ковид-19, а првиот позитивен тест му беше во март. Според протоколот, Дефенди беше во 14-дневен карантин, а потоа во април имаше два негативни тестови и кога се чинеше дека успеа да го победи вирусот, стигна нов позитивен тест.

Синоќа Фамаликао го победи Жил Висенте со 3:1 на гостински терен, а Дефенди втор меч по ред не бранеше откако се врати португалското првенство на сцена.

Не беше во тимот и во претходното коло, кога Фамаликао го изненади Порто и го победи лидерот со 2:1, а за негова жал, во последен миг и вчера не му беше дозволено да го брани голот на португалскиот прволигаш.

 

- Оглас -

Најнови вести