Чудна трансфер-политика на Барселона, летово си заминаа сите коишто дојдоа минатото лето

Фудбалскиот клуб Барселона се бори колку може на фудбалскиот пазар, но купува и непланирано, согласно своите финансиски ограничувања.

Клубот има чудна филозофија, особено под водство на спортскиот директор Деко, кој лани донесе играчи кои уште сега нема да бидат дел од тимот.

Барселона пред и во текот на сезоната 2023/24 ги донесе Илкај Гундоган, Жоао Кансело, Жоао Феликс, Ориол Ромеу, Ињиго Мартинес, Хулијан Араухо и Витор Роке. Некои од нив беа позајмени, други беа купени. Од сите овие, во Барса останува само Ињиго, но најверојатно поради тоа што Роналд Араухо е повреден до декември.

Кога Уругваецот ќе биде здрав, и Ињиго уште во јануари може да биде ставен на трансфер-листа бидејќи конкуренцијата во одбраната е силна, тука се и Ерик Гарсија, Пау Кубарси и Андреас Кристенсен.

- Оглас -

Најнови вести