Чудно, но вистинито – САД ќе игра на ракометното СП во јануари

Во САД ракометот воопшто не е популарен спорт, некогаш им служи за потсмевање, пошироката светска јавност не познава ниту еден американски ракометар, но ИХФ реши да им даде шанса за популаризација и им додели покана за настап на Светското првенство во Египет кое ќе се игра во втората половина на јануари 2021 година.

Поради неможноста да се одржи квалификацискиот турнир во Северна Америка и Карибите, Светската ракометна федерација одлучи на СП да ги покани САД како најдобар тим на ланските Панамерикански игри, каде што беа подобри од Порторико и Канада.

Американците по седми пат ќе учествуваат на СП во ракомет за мажи, но првпат од 2001 наваму. Ќе бидат во пеколно тешка група со Франција, Норвешка и Австрија.

Има уште едно слободно место на СП, предност ќе има селекција од Јужна Америка, но може да се случи покана да добие и некоја балканска селекција, како Македонија, Црна Гора или Србија.

- Оглас -

Најнови вести