Чудно првенство, најдобрите стрелци редум испаѓаат, само Шик остана шик

Чудно е Европското првенство што е во тек, а редум испаѓаат најдобрите стрелци со своите репрезентации. Кристијано Роналдо кој засега е лидер со пет гола испадна со Португалија по поразот во осминафиналето од Белгија, а потоа редум се елиминирани и грото од најсериозните конкуренти за наградата Златна копачка“ на шампионатот.

Од друштвото стрелци со по 4 постигнати голови шанса веќенемаат тројца, па остана само Патрик Шик, шпицот на Чешка. Утре од 18 часот Чесите ќе играат во четвртфиналето против Данска, утре од 18 часот што е шанса за Шик да постигне гол(ови) и да остане во игра за титулата прв стрелец на ЕП.

Со по 4 гола веќе испаднаа Бензема со Франција, Форсберг од Шведска и Лукаку, вечерва со Белгија по поразот од Италија со 1:2.

Во аут се и четири од пет играчи со по тру постигнати гола, а во тоа друштво остана само Рахим Стерлинг. Напаѓачот на Манчестер сити утре од 21 часот со Англија ќе игра против Украина во последното четвртфинале што ќе се игра на „Олимпико“ во Рим.

 

 

- Оглас -

Најнови вести