Аталанта и Арсенал одиграа без голови во меч од првото коло на Лигата на шампионите. Домашниот тим има повеќе причини да жали што не стигна до трите бода, а најголемен виновник за тоа е голманот на Арсенал, Давид Раја.
Аталанта, која е актуелен освојувач на Лигата на Европа, имаше фантастична шанса да даде гол на почетокот на второто полувреме, кога беше досуден пенал во корист на италијанскиот тим.
Ретеги ја презеде одговорноста да го изведе пеналот, но голманот на Арсенал, Давид Раја, успеа да одбрани. Сепак, топката повторно се одби до Ретеги, кој од неколку метри имаше празен гол, но тој со глава биеше неубедливо, а Раја со фантастична реакција и рефлекс успеа да го одбрани и тој удар и да го спаси Арсенал.