Чудо на денот, Кина загуби злато во пинг-понг

Јапонската мешана двојка Јун Мицитани и Мима Ито го освоија златото на пингпонгарскиот турнир, откако по многу борба со 4:3 (5:11, 7:11, 11:8, 11:9, 11:9, 6:11, 11:6) славеше над фаворизираните Кинези. Од воведувањето на пинг-понгот како дел од ЛОИ во 1988 година, Кина имаше освоено 28 од 32 златни медали.

Во 2008 годна на Игрите во Пекинг, Кина ги освои сите медали во машка и женска конкуренција, што беше знак дека Интернационалниот олимписки комитет треба да ги смени правилата, па на Игрите може да има само по двајца претставници од секоја земја.

Доминацијата на Кина продолжи и во Лондон 2012 година и во Рио де Жанеиро во 2016 година, кога ги освоија златото и среброто. Сега Јапонците Јун Мицитани и Мима Ито се хероите на денот со освојување на златото во пинг-понг.

- Оглас -

Најнови вести