Чудо на гол-линијата од некогаш најскапиот, кој сега игра за „преживување“ (Видео)

Енди Керол е еден од најскапите промашувања во историјата на Ливерпул. Фудбалерот кој сега се проценува на помалку од три милиони евра, пред десетина години беше платен 40 милиони евра за да дојде на „Енфилд роуд“.

Робусниот напаѓач требаше да биде замена за Фернандо Торес, но не се снајде и сега се памти како едно од најголемите разочарувања во клубот. Во Ливерпул замина во Вест хем, но и таму не се наигра. Често беше повреден, па кариерата му одеше само во надолна линија.

Керол кој сега има 32 години, е дел од тимот на Рединг во Чемпионшип, каде заработува само 1.000 фунти неделно. Оваа сума е за „преживување“, ако се знае дека во Вест хем добиваше 23.000 фунти неделно.

Некогашниот фудбалер на Ливерпул сега повторно е во фокусот на вниманието, откако на дуелот против Вест Бромвич Албион имаше неверојатна одбрана. По еден корнер на противникот, Керол на два пати успеа со глава да ја расчисти опасноста, а второто спасување беше фантастично.

За негова штета, оваа одбрана на Керол не вреди многу, затоа што Рединг на крајот сепак загуби со 1:0.

 

- Оглас -

Најнови вести