Чудо над чудата: Калјари губеше со 2-3 во 94-та минута, а победи на крај (Видео)

Леонардо Паволети е јунакот на денот во Серија А, а веројатно и во целиот европски фудбал, откако со два гола во судиското продолжение, му донесе победа на Калјари од 4-3 против Фрозиноне.

Гостите водеа со 3-0 до 72-ра минута, но на крај со спуштени глави го напуштија теренот.

Калјари даде голови во 72-ра, 76-та, 94-та и 96-та минута. За нив ова е прва победа сезонава, и последното место на табелата сега го држи Салернитана.

Ова е голот на Паволети за тотална еуфорија на стадионот во Калјари:

https://twitter.com/i/status/1718620728033980895

- Оглас -

Најнови вести