Чудо над чудата во ФА купот, најслабиот тим во Чемпионшип го елиминираше Ливерпул (Видео)

Плимут кој е последен на табелата во втората англиска лига (Чемпионшип) и имаше само една победа во последните три месеци, со 1-0 го победи и елиминираше лидерот на Премиер лигата, Ливерпул, од ФА купот.

Оваа првокласна сензација се случи во 16-финалето на ФА купот, натпреварување кое очигледно во Ливерпул немаа намера да го освојат. Сепак, и во резервниот состав со кој излегоа на терен, имаа скапи ѕвезди, беа фаворити и барем на хартија, требаше да го добијат овој меч.

Од 2017/2018 се немаше случено актуелен лидер на Премиер лигата да биде елиминиран во ФА купот од тим кој не е во Премиер лигата.

За Плимут ова е прва победа против Ливерпул уште од далечната 1956 година наваму.

Голот за историја го постигна Рајан Харди од пенал. Погледнете го голот и ерупцијата од радост на трибините:

- Оглас -

Најнови вести