Чудо невидено – Водеа на сите натпревари во последната четвртина и испаднаа (Видео)

Мајами хит покажа моќен карактер и исклучителен квалитет и заслужено ќе игра финале во НБА против Лос Анџелес лејкерс.

Избраниците на Ерик Сполстра славеа со 4:2 во завршната плејоф-серија на Истокот против Бостон селтикс, а приредија и чудо откако на сите шест натпревари имаа негатива во последната четвртина.

И ноќеска беше идентично, Хит имаа негатива од 90:96 и со фантастична серија од 26:6 во период од неполни 7 минути направија нов пресврт од 116:102 на две минути и 40 секунди до крајот.

Во текот на целата серија против Келтите се случуваше истото сценарио, со различни јунаци за пресврт во таборот на Мајами.

Ноќеска движечка сила им беше центарот Бем Адебајо, кој беше најефикасен на мечот со 32 поени, а притоа имаше и 14 скока и 5 асистенции.

Финалето меѓу Мајами хит и Лос Анџелес лејкерс ќе почне во 3 часот по полноќ на први октомври, а стандардно за титулата се игра во максимум 7 меча, или по принципот прв до четири победи.

- Оглас -

Најнови вести