Чудо од Берлин – за 51 минута дадоа повеќе голови, отколку во претходните 360 минути

Во германската Бундес лига сезонава како да е подобро да се игра на гостински терен. Не е прв пат, гостинските екипи да освојат повеќе бодови од домаќините. Во денеска одиграните четири меча, гостите се радуваа на три меча, еден дуел заврши нерешено, а ниту еден домаќин не победи. Ако на тоа се додаде и дека синоќа Хофенхајм со 2:1 победи кај Келн, гостите во ова коло освоија 13 од можните 15 бодови.

Од сите победи на гостински терен, најнеочекувана е таа на Унион Берлин кај Мајнц. Тимот кој на претходните четири гостувања, имаше дадено само два гола и освоено само еден бод, денеска за само 51 минута против Мајнц успеа да постигне три гола и тоа беше најава за три бода.

На гости победи и Лајпциг кај Херта со убедливи 4:2. За Лајпциг ова е четврта победа на шестото гостување сезонава. Аугзбуг даде еден гол на гости кај Падерборн, но и тоа беше доволно за три бода за гостите. Да не биде целосен дебакл на домаќините се погрижи Шалке кој иако беше фаворит против Фортуна, пред своите фанови одигра само 3:3.

Во 18:30 часот започнува големото дерби меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести