Чудо од дете: Има само седум години, а суди кошаркарски натпревари (Видео)

Во изминативе години благодарение на видеоклиповите, беа промовирани многу деца кои се големи таленти и прават виртуозни потези во некој спорт и сонуваат еден ден да бидат врвни ѕвезди.

Сепак, нешто што досега немаме видено е дете од седум години како суди кошаркарски натпревари. Латан, кој има само седум години, не само што ги знае кошаркарските правила, туку тој ја дели правдата на натпревари.

Со сигурност се работи за најмладиот кошаркарски судија во светот, а интересно е дека ретко кој има забелешки на одлуките кои ги носи седумгодишното детенце.

https://twitter.com/i/status/1622373821251735552

- Оглас -

Најнови вести