Чудо од дете: за 20 минути даде 78 поени (Видео)

Франциско Зустович е 13-годишен кошаркар за кого слушна целиот свет и тоа благодарение на неговиот настан, кога за 20 минути даде неверојатни 78 поени само за 20 минути поминати на паркетот.

Младиот кошаркар погоди 29/33 од поле, а погоди и 17 од 26 слободни фрлања. Во првата четвртина даде 27 од 28-те поени на неговиот тим, а потоа во втората четвртина погоди 51 поен. Талентираниот Франциско не играше во второто полувреме поради правилото во аргентинската кошарка дека деца до 13 години не смее на еден меч да играат повеќе од 20 минути. Доколку беше дозволено Зустович да игра, сигурно ќе ја надминеше бројката од 100 поени на средбата.

Без првиот кошгетер, екипата на Пењарол загуби од Боливар де Карлос Паз со 113:112.

Целиот меч и шоуто на младиот кошаркар го има на видеоклипот.

 

- Оглас -

Најнови вести