Чудо пред Божиќ: По 20 дена се разбуди од кома

Пред околу три недели Адонис Стевенсон и Украинецот Олександер Гвоздик се бореа за ВБЦ појасот во полутешка категорија. Стевенсон успеваше 10 пати да го одбрани тронот, но против Гвоздик, не само што ја загуби борбата, туку беше и теешко повреден.

Во 11 рунда од мечот, канадскиот боксер беше нокаутиран. Подоцна, во соблекувалната на Стевенсон му се слоши и мораше да биде пренесен во болница. Поради оштетувањата на мозокот, боксерот беше ставен во индуцирана кома, која не се очекуваше да трае повеќе од неколку дена. Сепак, повредите се покажаа како сериозни и точно 2 дена боксерот беше во кома, се додека неговата девојка Симоне Год донесе убави вести.

„Адонис се опоравува во кругот на најблиското семејство. Тој е светски првак и во рехабилитацијата ја покажа својата истрајност. Тој сега е буден“, објасни девојката на Стевенсон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести