Чудо во Џенова – Јувентус загуби со пресврт, Кришчито од трагичар стана јунак (Видео)

Џенова направи голем пресврт и го победи Јувентус со 2:1 во меч од 36. коло, резултат што му остава надеж за опстанок во Серија А на најстариот клуб во Италија.

Капитенот Доменико Кришчито погоди пенал во 96 минута за победа и се извади за утката во последните моменти од белата точка против Сампдорија во претходното коло, кога Џенова загуби со 1:0.

Ситуацијата за пеналот и прецизниот удар на капитенот на Џенова за победа од 2:1 можете да го погледнете ОВДЕ.

Јувентус поведе со погодокот на Пауло Дибала во 48. минута. За Аргентинецот тоа беше 115. гол во дресот на Јуве, со што ја мина легендата Роберто Баџо и сега е на 9-то место на вечната листа со најдобри стрелци кај најтрофејниот италијански клуб.

Во 87. минута израмни Гудмундсон, а Кришчито од пенал ги донесе трите бода за евентуален спас на Џенова.

Сега имаат 28 бода, колку и Калјари, а Салернитана со 29 бода е пред нив како прва екипа над зоната за испаѓање, а има и меч помалку.

Јувентус има 69 бода и ќе игра во Лигата на шампионите, но веќе и теоретски не може да биде првак на Италија.

Вечерва во истиот термин од 21 часот и Леванте на сличен начин го победи Реал Сосиедад со 2:1 и остана во игра за опстанок во Ла Лига.

 

 

- Оглас -

Најнови вести