Чудо во Србија, лидер е тимот кој ги загуби првите три меча во првенството

Екипата на Нови Пазар победи на гостувањето кај Раднички во Ниш со 3:1 и испиша историски успех. За Нови Пазар ова е седма победа по ред што е најдобра низа за клубот во елитното српско фудбалско друштво, но што е уште поважно, сега тие се новиот лидер на табелата.

Нови Пазар одигра 10 меча во кои освои 21 бод и има еден бод повеќе од Црвена ѕвезда, но факт е дека актуелниот првак има одиграно два меча помалку. Сепак, подвигот на Нови Пазар никако не смее да се потцени посебно ако се знае дека овој тим на почетокот на првенството почна со три порази, а сега нареди седум победи.

Интересно е дека следниот ривал на Нови Пазар ќе биде токму Црвена ѕвезда, и тоа в среда, во Нови Пазар, на стадионот на кој сезонава веќе загуби Партизан, и тоа со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести