Чудото на Халанд во Англија не е видено повеќе од 50 години!

Манчестер сити ја покажа моќта на англискиот и европски првак откако со убедливи 6:2 славеше над Лутон во меч од осминафиналето во ФА купот. Вистинско шоу на овој меч имаше Ерлинг Халанд, кој постигна неверојатни пет погодоци. Корпулентниот напаѓач шоуто на погодоци го започна во третата минута, а потоа погодуваше и во 18-тата и во 40-тата минута од првото полувреме, како и во 55-тата и во 58-мата минута во вториот дел.

Халанд постигна пет погодоци само за 58 минути, а потоа во 77-мата минута беше заменет. Петте погодоци кои Халанд ги постигна се нешто што во ФА купот се нема случено повеќе од 50 години, а тоа е еден играч да постигне пет погодоци во пресметка со тим од елитната лига.

Вакво нешто се немаше случено од 1970 година, кога легендарниот Џорџ Бест постигнал неверојатни шест погодоци во победата над Нортхемптон во 1970 година. Сега Халанд блесна и даде пет гола за помалку од еден час игра против Лутон.

- Оглас -

Најнови вести