Македонија Ѓорче Петров славеше победа од 2-1 против Работнички во натпревар од 29-тото коло во Прва македонска фудбалска лига, освојувајќи многу важни три бода во борбата за опстанок во елитата.
Лавовите од Ѓорче Петров одлично го отворија мечот и поведоа уште во втората минута, кога по нафрлување Кабаркас погоди со глава и ја затресе мрежата на Работнички.
Во 14-тата минута Сухељ Мухарем имаше голема шанса за израмнување, но шутираше непрецизно. Подоцна. во 22-та минута Лазаревиќ од корнер ја погоди гредата, а само една минута подоцна Софијаноски со удар со глава го погоди дирекот.
И покрај шансите на двете страни, резултатот остана непроменет до 63-та минута, кога Џангаровски постигна втор гол за Македонија ЃП и зголеми на 2-0.
Само пет минути подоцна, Мухарем успеа да намали на 2-1 со прецизен удар од непосредна близина, враќајќи неизвесност во натпреварот.
Во 78-та, минута Манојлов имаше прилика за израмнување, но не успеа да погоди.

