Чудото од Берлин: Целта им беше опстанок, а се борат за титула!

Екипата на Унион Берлин е хит во германската Бундеслига, се наоѓаат на второто место на табелата само со еден бод помалку од лидерот Баерн.

И во самиот клуб од Берлин не можат да поверуваат дека имаат толку добри резултати и дека се во игра за титулата, а целта им беше опстанок. Математиката вели дека ако Унион ги добие сите 14 мечеви до крајот, сигурно ја освојува титулата.

Унион Берлин во елитното германско друштво влезе во 2019 година, а на последните шест меча победија четири пати во дуели на кои губеа со еден гол-разлика. Во 2023 година редат само победи, лудилото трае, а следен ривал им е последниот Шалке, па за очекување е нов триумф.

Освен тоа, в четврток имаат дуел со Ајакс во Лигата на Европа, историски прв меч за берлинци во нокаут-фаза во европско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести