Чудото во Серија А седми меч не знае за пораз и се наоѓа на чекор од опстанок

Екипата на Салернитана седми натпревар по ред не знае за пораз откако денеска на гостувањето кај Емполи одигра 1:1 во првиот меч од 37-то коло.

Тимот кој што до пред некоја рунда беше отпишан и последен, продолжува со добрите игри и се надева дека ќе остане во прволигашкото друштво.

Патрик Кутроне донесе водство на Емполи во 31-та минута, додека Федерико Бонацоли „стрелаше“ за 1:1.

Тие имаа шанса да дојдат и до победата, но Диего Пероти промаши пенал за победа.

Со ова, Салернитана дојде до 31-от бод на едно коло до крајот и има два, односно три повеќе од Каљари и Џенова кои што имаат и меч помалку, но тие треба да одиграат средби против Интер и Наполи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести