Чурлинов дебитираше со асистенција, Шалке 04 загуби убедливо од лидерот

Дарко Чурлинов играше од 62. минута во деби настапот за Шалке 04 и успеа да му асистира на Симон Тероде за единствениот гол во поразот од 4:1 против лидерот во Втората германска лига, Јан Регенсбург.

Македонскиот репрезентативец доби шанса да игра нешто повеќе од половина час и имаше солиден прв меч за 7-кратниот првак, кој е во криза и не игра добро во новата сезона како второлигаш.

Чурлинов пред три дена дојде во Шалке 04 на едногодишна позајмица од Штутгарт и од него се очекуѕва многу во таборот на германскито гигант, кој сака експресен кам-бек во Бундеслигата.

Моментно по четири кола со четири бода Шалке 04 е на 12. позиција во конкуренција на 18 второлигаши. Само првите две екипи ќе влезат директно во Бундеслигата, а третопласираниот состав ќе игра бараж мечеви со екипа од Првата лига за место меѓу елитата во германскиот фудбал.

 

- Оглас -

Најнови вести