Чурлинов е 12-тиот нов играч во Барнли летово

Дарко Чурлинов е 12-тиот нов играч на Барнли во летниот преоден рок. Тој потпиша четиригодишен договор со популарните Кларети.

„Среќен сум што дојдов тука. Со големо нетрпение ги очекувам моите настапи сезонава. Би се опишал како играч со добра техника и чувство за гол, впрочем ќе видите“, изјави Чурлинов.

Задоволство од трансферот изрази и тренерот Винсан Компани.

„Дарко е играч кој сака да напаѓа, вреден е, има добар менталитет. Му благодариме на Штутгарт што ни дозволија во нашиот тим да дојде талентиран млад играч. Тој е иднината на клубот“, рече легендарниот Белгиец.

- Оглас -

Најнови вести