Чурлинов и Барнли се вратија во Премиер лигата (Фото+Видео)

Екипата на Барнли после само една сезона во Чемпионштип успеа да се врати во Премиер лигата и тоа со голем стил. Екипата на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов е на првата позиција на табелата со дури 19 поени повеќе од третопласираниот Лутон, а до крајот на сезоната во игра се уште 18 поени.

Барнли промоцијата ја обезбеди синоќа откако на гостински терен го совлада Мидлсборо со 2-1. Во составот на Барнли не беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој после репрезентативните настапи се пожали на повреда.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести