Одличен кам-бек за Чурлинов, со деби гол за Шалке 04 ги преболе сите рани (Видео)

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов ја санираше повредата на рамото и по еден месец пауза играше за Шалке 04 и конечно го постигна и првиот гол за германскиот гигант во победата од 4:1 против Нирнберг во Втората германска лига.

Еден од најмладите македонски репрезентативци беше прецизен во 85. минута и со тој гол ја потврди победата на Шалке 04, екипа што потоа постигна уште еден гол за уверливи 4:1.

Чурлинов се повреди на мечот на македонската репрезентација против Исланд и потоа на три меча на Шалке 04 не беше во составот.

За среќа брзо закрепна и се врати на терен и денеска беше во составот на германскиот гигант, кој се проби на третото место во популарната Цвајта со 29 бода, колку што има и второпласираниот Дармштад, но Шалке 04 одигра меч повеќе.

Лидер е Сент Паули со 35 бода, а стандардно, првите две екипи од Цвајта же се пласираат директно во Бундеслигата, додека третопласираниот тим ќе игра дополнителен бараж.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести