Д’Ентони ја плати сметката за елиминацијата на Хјустон во плејофот

Хјустон рокетс му врачи отказ на Мајк Д’Ентони по нецели 24 часа откако Ракетите претрпеа елиминација во полуфиналната рунда од плејофот против ЛА лејкерс. Хјустон загуби со 4-1 во серијата против Езерџиите, што значеше крај за Д’Ентони по четири години на клупата на тексашката франшиза.

Од таборот на Хјустон му соопштија на американскиот стратег со италијанско потекло да не се враќа во Хјустон штом го напушти „меурот“ во Орландо, а ракодовството ќе му најде замена пред почетокот на новата сезона кој е закажан за декември.

https://twitter.com/HoustonRockets/status/1305253108176564227

- Оглас -

Најнови вести