Д Стронгест навистина се најсилни: девет учесници, девет медали од кои седум се златни

Центарот за боречки вештини „Д Стронгест“ учествуваше на меѓународниот турнир АJP CROATIA 2022, на кое учествуваа 450 учесници. На ова натпреварување имаше борби со кимоно и без кимоно (no-gi).
Македонската експедиција на „Д Стронгест“ броеше девет натпреварувачи и сите имаа настап за респект, затоа што се закитија со медали.
Беа освоени седум златни медали и две сребрени одличја. Со злато се закитија Томи Блажевски, Анџела Стамкова, Стефан Пецевски, Марија Мичов, Марко Трајановски, Марко Сотиров, Михаил Ташковски, додека сребрен медал освоија Даниела Алексовска и Ива Спиридоновска.
- Оглас -

Најнови вести