Да ги испратиме ракометарите со победа на ЕП: Македонија секогаш ја победува Грција на домашен терен! (Фото)

Ракометните вљубеници попладнево ќе ја имаат единствената можност да ги гледаат македонските ракометни репрезентативци пред настапот на Европското првенство во Германија. По пријателскиот натпревар против Црна Гора во Стара Пазова, македонските ракометари денес против Грција ќе го одиграат единствениот отворен натпревар за јавноста во подготвителниот период.

Македонија е голем фаворит на дуелот кој ќе се одигра во 17 часот во „Борис Трајковски“, а влезот ќе биде слободен за сите кои ќе сакаат да им дадат подршка на нашите ракометари. Дека Македонија е фаворит, говори и квотата во Sport Life. Нашата победа има квота од 1.45, додека не сакаме ни да помислиме на пораз од јужниот сосед со оглед на традицијата која вели дека Македонија ги има добиено сите дуели против денешниот противник на домашен терен.

Ова ќе биде вкупно петти меч на кој Македонија е домаќин, а досегашните четири биле официјални и секогаш победувала Македонија. Интересно, првпат играме пријателски натпревар против Грција на домашен терен, а досегашните шест контролни натпревари секогаш се играле на теренот на противникот.

Вкупно Македонија и Грција имаат одиграно 14 натпревари. Девет завршиле во наша корист, еднаш било нерешено, а противникот победил четирипати. И гол-разликата е во наша корист со 35 дадени голови повеќе отколку примени.

- Оглас -

Најнови вести