Да го видам Роналдо да јаде гом*а, искрено и јас би ги изел

По враќањето на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, англискиот фудбал доби друга димензија. Иако има 37 години, Роналдо покажува дека уште е во врвна форма и дека е на врвот во светскиот фудбал. Во првите два меча за Црвените ѓаволи, даде три гола.

За тоа како се променила ситуацијата во Манчестер по доаѓањето на Роналдо, раскажуваше резервниот голман Ли Грант.

„Во петокот бевме на вечера и тоа е еден од ретките моменти кога можеме да се опуштиме кога се однесува за храната. По главното јадење најчесто знаеме да каснеме пита од јаболка или некаков крем. Еден соиграч дојде до мене и ме праша што јаде Роналдо. Сите шепотевме и зборевме за тоа што има на менито на Кристијано. Верувајте, веќе никој од нас не ја допре питата со јаболка и кремот“, открива Грант, а потоа продолжи да раскажува што се случило. „Роналдо немаше само една чинија, туку повеќе. Јадеше авокадо и уште неколку многу здрави намирници. Нестварно е како само поради него, од менито ја снема храната која ја викаме „џанк фуд“. Тој човек е во неверојатна форма“, додава резервниот голман на Манчестер јунајтед.

По оваа сторија за Роналдо и неговата исхрана, се огласи и Трој Дини кој играше во Ватфорд. Дини даде „луда“ изјава со што само се потврдува влијанието што го има Кристијано врз сите играчи.

„Верувам дека сите играчи така постапиле затоа што се восхитуваат на неговата неверојатна кариера. Искрено, да сум во клубот, доколку го видам Роналдо како јаде гом*а, и јас веднаш би ги изел“, вели Дини.

 

- Оглас -

Најнови вести