Да имав моќ, ќе забранев гледачи на утрешниот меч

Баерн Минхен и Севилја утревечер во Будимпешта ќе играат во Суперкупот на УЕФА, а овој меч ќе биде еден вид предизвик за тоа како би се играле мечевите во иднина во силните лиги. Европската куќа на фудбалот пред еден месец донесе одлука овој меч да се игра со приусуство на публика, за што доби одобрување и од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Сепак, епидемиолошката ситуација во Унгарија, посебно во Будимпешта нагло е влошена, па градоначалникот на главниот град вели дека лоша е одлуката да има гледачи. Дозволено е на стадионот да има 20.000 навивачи.

„Да имав законска моќ да донесам одлука, немаше да дозволам мечот да се игра со публика. Сепак, немам таква моќ. Одговорноста е на оние кои ја имаат таа моќ да донесат таква одлука“, рече градоначалникот на Будимпешта, Гергели Карачоњи.

Од УЕФА најавија дека Суперкупот на Европа го гледаат како пилот-проект за враќање на гледачите на трибините.

 

- Оглас -

Најнови вести