10.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Да навиваме Норвешка да ја победи Аргентина со 13+ разлика, за да имаме полесна работа во клучниот меч

Македонската ракометна репрезентација претрпе два убедливи порази на Светското првенство во Полска, откао загуби со двоцифрени разлики од Норвешка (39:27) и Холандија (34:24). Во една ваква ситуација, нашата репрезентација е последна во групата, но остануав вечер да го чекаме исходот од дуелот Норвешка – Аргентина.

Гаучосите загубија со 10 разлика од Холандија и сега ние треба да навиваме да претрпат пораз поголем од 12 разлика во дуелот со Норвешка, за да бидат зад нас на табелата, по две комплетни кола.

Доколку Аргентина загуби со 13 или повеќе разлика од Норвешка, тоа ќе значи дека во третото коло, во клучниот меч за Македонија и Аргентина, на нашите ракометари ќе им биде доволно да одиграат и нерешено за да ја поминат групната фаза.

- Оглас -

Најнови вести