Да не е Роналдо, Јувентус само ќе ја сонуваше Лигата на шампиони (видео)

Кристијано Роналдо со двата погодоци во последните десетина минути го сврте резултатот и му обезбеди победа од 2-1 на Јувентус на гостувањето кај Удинезе. Португалецот го подобри учинокот на 27 првенствени погодоци со кои речиси сигурно ќе ја освои Златната копачка во Италија, а при тоа ја одржа Старата дама во битката за топ 4 местата.

Молина уште во воведните 10 минути го стресе Јувентус откако го искористи просторот на првиот дирек кој го остави слободен заспаната одбрана на гостите.

Како што одминуваше времето, така Зебрите сè повеќе се повлекуваа да го чуваат голот, а гостите од Торино притискаа за израмнувачки гол, кој го дочекаа дури во 83-тата минута. Капиренот Де Пол направи глупост откако со рака го одбрани слободниот удар на Роналдо, при тоа заборавајќи дека е во шестнаесетникот, па му подари пенал на Јуве кој Португалецот го претвори во 1-1.

Секако дека неодманешниот италијански првак не се задоволуваше со реми, победа беше единствена опција и ја донесе токму Роналдо со вториот гол на мечот во последната минута од регуларните 90.

Јувентус сега е на третото место со 69 бода, исто колку што имаат Аталанта и Милан, додека Удинезе остана на респектабилното 11-то место.

- Оглас -

Најнови вести